Двајца возачи од Виница и од Штип се тешко повредени во сообраќајната несреќа која што се случи на патот Штип – Радовиш, кај винарската визба ИМАКО.
Според првичните информации од СВР Штип, во несреќата учествувале камион „ТАМ“ и комбе при што дошло до судир меѓу двете возила. Повредени се двајцата возачи во двете возила кои пренесувале едниот сено, а вториот безалкохолни пијалаци и се хоспитализирани во штипската клиничка болница.
Штипските пожарникари веднаш реагирале и излегле на терен. Во моментов сообраќајот се одвива во една коловозна лента и го контролира сообраќајна полиција.
Инаку, ова е позната црна точка на патот Штип – Радовиш каде што постојано се случуваат вакви тешки сообраќајни несреќи, а голем дел од нив завршуваат и со фатални последици, односно има жртви.
За причините на несреќата, надлежните од СВР велат дека ќе информираат во текот на денот по завршување на истрагата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември