БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Јорданов: Заев го заборави источниот регион

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Оваа криминална Влада паѓа, па затоа нерационално го зголемува влогот со празни ветувања.

Посетата на Заев во Штип ја откри несигурноста на премиерот, кој своите мегаломански ЌЕ проекти насочени за манипулирање на штипската јавност ги презентираше како нешто што веќе се случува. Тој зборува за браната на р. Отиња како утре да сече лента, а заборава да спомeне дека 2 години не можат да довршат 200 метра коритото од истата река. Очигледно дека браната на река Отиња е следен проект за лажење пред избори, после жичарата на Исарот и аква паркот на Суитлакот.

Дека Заев се расфрла со празна реторика и неговиот збор не е за верување говори и фактот дека тој сечеше лента на автопат што без притисокот на јавноста, немаше идеја како да го заврши, а за волја на вистината сеуште не е комплетно завршен. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дека Заев го заборави источниот регион, говори и фактот што ја стопираше Клиничката болница, не обезбеди средства за водовод и канализација, во замена за неизградениот карго аеродром, нема ниту една странска или домашна инвестиција, нема 500 евра просечна плата, нема покачување на пензиите, а младите масовно си заминуваат.

Но, мислењето за неспособноста на Заев граѓаните на Штип го кажаа на последните избори, кога недвосмислено порачаа дека народот нема доверба во оваа корумпирана структура која во моментов тргува со државата. Истото ќе се случи и на првите наредни избори затоа што граѓаните повеќе не веруваат на лагите на Заев и оваа корумпирана влада.

Креирано од:


Пренеси го гласот