БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: ОЛЕСНУВАЊЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

После вчерашните ракции на завачерашната изјава на Заев, „искрено“ ми олесна. Сфатив дека проблемите на Република Македонија не биле во досегашното владеење со неа. Не биле ниту во економската политика, ниту во нереализирањето на капиталните проекти. Уште помалку биле во масовното иселување.

Тие, исто така, не биле ниту во капитулантската политика кон соседите, со исклучок на Србија, на која (во секоја пригода) ѝ се покажуваат заби.

Понатаму, проблемите не биле во тоа што централната власт сѐ повеќе гасне, а на нејзино место јакне башибозукот на локалните моќници. Проблемите, исто така, не биле ниту во промената на името, ниту во насилно воведената нефункционална двојазичност, освен ако не е вовед кон федерализација/кантонизација на Републиката.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Проблемите, исто така, не биле во работата на СЈО, ниту во аферата „Рекет“, ниту во корупцијата, ниту во судството, ниту во насилието, ниту во правниот волунтаризам, кој определува кој е терорист, а кој не е; кој ја дестабилизира македонската држава, а кој не; ниту во тоа што значи злосторничко здружување против државата. Не, почитувани, тоа не било ништо. Тоа било мачешка кашлица, во однос на завчерашната изјава на Заев, во која еден новинар брутално бил наречен суетен, а за една парсона било речено дека е педер.

Потоа, следеа серија извинувања кон ЛГБТ заедницата, кон новинарите, кон… Во целиот тој тајфун на извинувања и објаснувања, се заборави единствено на македонските граѓани. Меѓутоа, кој ги шиша, кога за таа работа можат да заминат до најблискиот бербер, бидејќи барем тој ги шиша. Сепак, треба да се има предвид дека постојат бербери и бербери, како што има шишани и шишани.

П.С. Новинарите и ЛГБТ заедницата пред сѐ, дури потоа сѐ друго.

Креирано од:


Пренеси го гласот