Навредите и заканите за портпалорот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на социјалните мрежи отидоа чекор подалеку.
Дел од обезбедувањето од турската компанија „Џевахир холдинг”, покрај тоа што го навредува, истовремено ја открива и адресата на којашто портпаролот од опозицијата живее со своето семејство.
Коментирајќи на медиумски текст за Стоилковски со тешки лични навреди, лицето Асим Бислим, службеник за безбедност во „Џевахир“ ја дава точната локација на домот на Стоилковски, со што го става во опасност и портпаролот и неговото семејство.
Посебно прашање на кое ќе треба да одговорат и Бислим, но и турската фирма, од каде еден службеник ја има информацијата за адресата на Стоилковски? Ова прашање е од голема важност затоа што од трите згради висококатници на „Џевахир Холдинг” во скопската општина Аеродром има визуелен контакт со домот на Стоилковски што упатува на можноста тој и неговото семејство да се под надзор на специјални апарати за надзор и видео мониторинг.
Извор: Јавно.мк

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово