БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Закани и навреди упатени кон Портпаролот на опозицијата, Наум Стоилковски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Навредите и заканите за портпалорот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на социјалните мрежи отидоа чекор подалеку.

Дел од обезбедувањето од турската компанија „Џевахир холдинг”, покрај тоа што го навредува, истовремено ја открива и адресата на којашто портпаролот од опозицијата живее со своето семејство.

Коментирајќи на медиумски текст за Стоилковски со тешки лични навреди, лицето Асим Бислим, службеник за безбедност во „Џевахир“ ја дава точната локација на домот на Стоилковски, со што го става во опасност и портпаролот и неговото семејство.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Посебно прашање на кое ќе треба да одговорат и Бислим, но и турската фирма, од каде еден службеник ја има информацијата за адресата на Стоилковски? Ова прашање е од голема важност затоа што од трите згради висококатници на „Џевахир Холдинг” во скопската општина Аеродром има визуелен контакт со домот на Стоилковски што упатува на можноста тој и неговото семејство да се под надзор на специјални апарати за надзор и видео мониторинг.

Извор: Јавно.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот