Драги мои, помалку амбициозен наслов за денешниов текст не можев да смислам! Времево немилосрдно не’ стиска в’ќош, а маневарскиот простор ни се’ смалува. На излезот од ситуацијата, во која самите се втурнавме, не му се гледа, се’ уште, почетокот, а крајот се оддалечува. Станува недостижен, а нетрпението и стравот не јадат одвнатре. Меѓутоа, сите можности не ни се изцрпени: “веруј у се и у свое кљусе!”
Вели старата (српска) поговорка. Друго чаре нема! Од амбисот пред нас сме чекор или два и секој миг може да не проголта, за секогаш. Патот ни е изоден. Сакаме ли таков крај за себе и за македонската предолга цивилизација и култура? Јас, таков срамотен крај неможам ни да замислам, а камо ли да прифатам. А Вие? Од кого чекате милост? Од џелатот кој вам, кој нам, ортомата околу вратот ни ја стиска?
Јавните интернетски мрежи вријат од информации за’ и против ова што ни се случува во Македонија. Лудилото на Заевистите се’ уште не стивнува, како да сакаат да ни кажат нешто, што ние и така го знаеме. Па слуги сте на странски хоштаплери и манипуланти. Ама, дали знаете дека кога ќе дојде времето, а доаѓа, ќе нема за сите место во хеликоптерите на газдите кои ќе мораат да се селат од македонската земја и да бараат друга жртва за плачкосување? Ако тоа го знаете, и ако немате каде да бегате, братски ве молам: напуштете го бродот кој веќе тоне, да не потонете и вие со него. Белким и Господ ќе ви помогне да се ослободите од гревовите кои ги носите во вашите души и одново постанете дел од народот на кои му припаѓате.
Нека биде тоа што треба да биде: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!
Се чека и коските на Гоце Делчев и на многу други македонски национални херои да завршат негде во Софија како бугарски. Може ли да има нешто повеќе понижувачко од тоа? Коските на тие што ги вградија своите животи во темелите на Македонија да им ги подарите на вековните тирани да плукаат по нив? Да им ги подарите за и ние да бидеме тоа што тие се: празни и од секогаш алчни по тоа што никогаш немале? Да им ги продадеме за влез во НАТО и Европската Унија и да бидеме заедно со злосторниците на македонскиот род?
Прашањето е: кои ви дава право да ги откопувате македонските гробници и коските на починатите да ги носите и продавате во Бугарија? Зарем кривичниот законик во заевата и пендаровската Северна Македонија повеќе не важи и за злосторници и тешки криминалци од СДСМ? Тоа ли е државата еднаква за сите, за која се бореше шарената банда од пред некоја година? Ашколсум, ефенди!
Се плашам, како што тргнале, да не ги ископаат и гробовите на моите предци во моето Буково и да им ги продадат и нивните коски. Меѓу нив има многу очевидци од Втората светска војна, кога бугарските војници низ селото по улицата пред мојата семејна и родна куќа ги влечкаа нашите борци-партизани како дрвени балвани, за селаните да видат како “браќата” ги ослободувале од “шумкарите”! И сега бесрамно зборуваат за некое добрососедство и менување на учебниците по историја и целиот македонски образовен систем, за да нема ни трага од нивните злосторства! Па зарем “шумкарите” не беа нивни браќа и сестри кои требаа да ги ослободат? – од кого?
Како ми изгледа, од македонските гробишта ќе направат игралишта за голф или стадиони за бејзбол (Baseball). Веројатно и тоа се фамозните демократски принципи и цивилизациски вредности, кои само Зоран Заев и Никола Димитров ги познаваат! Ашколсум, уште еднаш!
Sверствата продолжуваат! Се’ што личи на македонско, се уништува. Ќе почнат да ги уништуваат ли и куќите на Македонците? Ќе ги поноват ли Грчките злосторства од Егејска Македонија? Или тоа ќе остане за дезерт, откако ќе изедат се’ што може да се изеде?
Деновиве започна и полициската рација над шахтите од градските канализации. Се бара дури и таму дали Сонцето од Кутлеш е скриено. Се што личи на него на капаците, веќе е истружено или на некој друг начин се отстранува од очите на минувачите. До каде ќе стигнат овие монструми, ќе видиме! Белким некој македонски маж ќе им стане на патот по кои веќе тргнале до нивната сопствена пропаст!
А што е со Мицкоски? Зарем се’ уште не се заморил од констатирање што Зоран Заев направил до сега во Македонија? Зарем и сам не гледа дека направил пустош? Па цела Македонија и иселеништвото го завитка во црно, а тој зборува за некои предвремени избори за да му покажел што тој ќе направел кога ќе дојде во празна куќа!
Господине Мицкоски и вие сите околу него престанете да “градите” фабрики и патишта на туѓа земја. Ако сте со народот, досега требаше да го поведете како што Заев го поведе во отворена војна против вас. Ја урниса цела земја, а вие држите прес конференции за смирување на Македонците, а барате да ве донесат одново на власт за да ја довршите недовршената работа на тие што ве плаќаат. Нели ви е срам од светот кој го следи вашиот кукавичлук? Рековте ли нешто против одрекнувањето од Македонците надвор од Македонија? Рековте ли нешто против уништувањето на спомениците? Рековте ли нешто против новите злостпрства во Грција и Бугарија? Рековте ли нешто против затворањето на најхрабрите Македонци кои лежат по затворите затоа што пробаа да ја вратат слободата во Република Македонија? Им се придруживте ли на нашите браќа и сестри кои секојдневно протестираа и се’ уште протестираат против се’ што се случува во нашата татковина? Ништо од тоа господине Мицкоски. Минувате покрај нив, ама немате смелост да им се придружите или барем да ги поздравите. Зошто? Затоа што сте и вие еден од Заевистите.
Па со пепелта во џебовите, со кои им ги замаглувате очите на оние кои ве хранат, не се бара нивна доверба! Доверба за да го замените Заев и да го продолжите патот кон вистинскиот амбис на Македонизмот и Македонците? Да слези Мурто да би седнал Курто?Ашколсум и за вас!
И за крај, со вашата помош за да се уништи и Сонцето кое ја топли и расветлува Македонија, со столетија и милениуми, станавте еден неранимајковец, со кој Македонците треба да се срамат!
Но нека се срамат и Македонците кои гледаат, како Зомби, дури вандалите на Заев ја обезличуваат македонската света земја, и ништо не преземаат!
Пишува: Сотир Гроздановски-Македoнски
Превземено од: По патот на Македонската историjа
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
83 годишен затвореник во затворот во Штип од Македонска Каменица починал во Клиничката Болница во Штип
Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип- Радовиш, двајца возачи со тешки телесни повреди
Министерство за здравство: Пет пациенти денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти