Реакција на Родина по повод преименувањето на МАНУ и станување дел од антиуставната креација „Северна“
Да се биде академик значи да си на врвот на научната мисла каде мислата е најсветла, значи со своите научни дела да си прв и најдобар во служење, просветлување, визионерство за својот народ.
За тоа народот и вредно те наградува од неговата каса која се вика Буџет на Р.Македонија. Таа каса и тој народ не се ниту политичките партии кои се минлива категорија, ниту меѓународни организации кои се исто така минливи.
Единствено нешто што е константа веќе неколку милениуми е Македонија, Македонци, Македонско, одржувана со крвта на револуционерите, просветленоста на духовниците и од мислата на светлите наши учители кои преку медиумот традиција народот ја пренесува од колено на колено
Вашето предавство на идеалите на Македонија и македонскиот народ, поготово од позиција на академик е многу поголемо него ли некоја црпка, црпната од нива од странска служба.
Вие со Северна, како Јуда со сребрениците кои го предаде Исус, ја
предадовте светлата мисла на Македонија и Македонците. Македонците тоа нема да ви го простат!
Точка 24 од Програмските цели на Родина: Ревизија на образовните
наставни програми во Македонски Дух од прво оделение до универзитетско ниво.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар