БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виктор А.К.А. Башлак: Супер сила

Пренеси го гласот

Не постои човек во светот кој не би сакал сопствената држава да ја види како супер сила во која било област. Дали е тоа во областа на науката, уметноста, металургијата, енергетиката. Не постои човек кој не би бил горд на својата држава која би станала спортска супер сила во било кој спорт.

Истото важи и за нас македонците кои иако во овој момент живееме во нашата татковина која е заробена од една, за нас, непозната и не призната држава, со која владее не легитимна и не призната криминална власт, сепак сакаме да ја видиме нашата држава некаде високо на некој пиедестал. На некој пиедестал на некоја научна конференција, спортска манифестација, на некој културно – уметнички хепенинг и т.н.

Деновиве, Македонија, беше споменувана во голем број на светски познати весници и списанија. Беше споменувана на најгледаните телевизии на Балканот, како и ширум светот. Темата беше корумпираноста на судскиот и политичкиот естаблишмент во Македонија, а се разбира на чело на целата оваа збрка беа споменувани Зоран Заев и Катица Јанева како личности кои требаа да го исчистат нашето општество од „метастазите на неславното, криминално владеење на Никола Груевски”. Споменувани беа и многу други функционери, но според мене, а и според голем број на новинари, аналитичари од земјава и регионот, тие во однос на Зоран Заев и Катица Јанева се споредни улоги, а некои дури се и статисти, како на пример Кичеец кој во филмот „Тредичи ди Палермо” го глуми носачот на торби.

Покрај оваа непосакувана слава со која се стекна Македонија во светот деновиве на гости во Македонија, секако на покана на премиерот Зоран Заев, пристигна и најголемиот произведувач и дистрибутер на марихуана во светот Биг Мајк.

Имено, Биг Мајк во неговата посета меѓу другото истакна дека Македонија има огромен потенцијал во оваа област и дека временските услови, како и квалитетот на почвата се повеќе од погодни за производство на марихуана. Исто така тој истакна дека на чело со ова раководство, пред се, на чело со премиерот Зоран Заев, Македонија ќе биде сипер сила во производство на канабис.

Сето тоа би било во ред доколку Биг Мајк зборуваше за Пабло Ескобар и неговиот Меделин Картелот, но сепак Биг Мајк зборува за Македонија и македонскиот владин врв.

Да, браќа и сестри, тоа е тоа. Можеби никој од нас не сонуваше, не си споменуваше дека до ова дереџе ќе дојдиме, да бидеме светски број еден во производство и дистрибуција на марихуана. Никој од нас не мислеше дека еден ден Македонија ќе биде на пиедесталот на светски произведувачи на марихуана.

За крај имам само едно прашање: повеќе од извесно е дека прашање е на месеци кога владата ќе предложи легализирање на марихуаната  и за рекреативни цели, па сакам да прашам дали покрај легализацијата на марихуаната, ќе дочекаме и легализација на проституцијата и дали авионов има пилот ???

Дека авионот нема пилот видовме од поодамна, што директно ме загрижува дека одговорот на моето второ прашање од серијата кое се однесува на проституцијата ќе биде позитивно одговорено и дека за неколку години на големо ќе се зборува за легални јавни куќи и проститутки како професионални работнички. Што се однесува до марихуаната, таа како легално сретство за рекреативни цели ќе предизвика сигурен влез во светот на дрогата на многу млади лица. А доколку сакате легализирањето на марихуаната да го продадете како лек или како туризам, тогаш навистина сте тешки аналфабети од областа на туризмот, кога како лек и туризам во Македонија нудите легална марихуана. На Македонија која изобилува со прекрасни планини, реки и езера на толку мал простор не и треба легална марихуана да привлечи туристи. А тие кои ќе дојдат поради легалната марихуана во Македонија, ќе бидат последниот европски шлајм.

Македонци, дали посакувате да ја видите Македонија како светска супер сила во производство на канабис ??? Јас дефинитивно сум против …

Пишува: Виктор А.К.А. Башлак

Креирано од:


Пренеси го гласот