БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ во Советот во Општина Штип крши деловник и ја нарушува процедурата за носење одлуки, алармира Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигна информација со која се алармира јавноста за кршење на деловничките одредби и рушење на процедурата при донесување на одлуки од страна на советниците на СДСМ во Советот на Општина Штип.

Поради ваквите причини Координаторот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов соопштува дека советниците од опозициската партија нема да учествуваат во донесувањето на сомнителни одлуки како претставници на народот кои треба да ги почитуваат правилата и процедурите.

Во продолжение во целост ја пренесуваме оваа реакција која пристигна во нашата редакција:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Почитуван Претседател на Совет,
За разлика од вашата советничка група, ние како претставници на народот ги застапуваме интересите на граѓаните. Со оглед на тоа што мнозинството во Советот на Општина Штип, предводено од СДС грубо ги прекрши деловничките одредби и ја наруши процедурата при донесување на одлуки, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да носи одлуки на седница, на која очигледно очекувавте да бидеме обичен декор. Ние како партија со нашето присуство нема да дадеме легитимитет на сомнителни одлуки, кои ќе демонстрираат непочитување на процедурите од оние кои имаат обврска најодговорно да го прават тоа, а тоа се избраниците на народот!”

Иван Јорданов, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace