БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Власта во Карбинци е најгладна во Република Македонија, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Брегалничкиот регион барем во нешто е прв во конкуренција на сите други во државата.

Во Брегалничкиот регион ја имаме “најгладната власт во Република Македонија во 2019 година”, соопштуваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци.

Виктор Паунов кој што е Претседател на општинскиот комитет опозиционата партија во Карбинци денеска на прес конференција ја алармира јавноста за големиот износ на финансиски сретства од Буџетот на општината наменети за угостителски услуги во фантастичен износ од над девет ипол илјади евра.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение ја пренесуваме неговата реакција во јавноста:

“Општина Карбинци е рекордер во Македонија по склучени договори за репрезентација за угостителски услуги.
Власта во Карбинци е најгладна во Република Македонија во 2019 година.

Договор за репрезентација со највисока вредност за 2019 година е договорот на општина Карбинци. Власта во Карбинци потпишале договор за угостителски услуги вреден ФАНТАСТИЧНИ 9.756 евра.

Според податоците од бирото за јавни набавки општина Карбинци соработува со истата фирма и во 2018 година кога за угостителски услуги и репрезентација издвојува 8.130 евра и во 2016 година 4.878 евра.
Според одговорите добиени од општина Карбинци, за 2019 година за репрезентација има потрошено 7.705 евра, уште една од низата лаги од оваа локална власт.”

-соопшти на јавноста Виктор Паунов.

Ваквите податоци за кои алармираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци се исто така прикажани во научно-истражувачката сторија на граѓанската организација СКУП Македонија која ги има истражувано расходите на општините како дел од проект- т.н. ПЕП истражување.

“Истражувањето на СКУП во рамките на проектот ПЕП покажува дека 64 општини во изминатите три години потрошиле 2.2 милиони евра.

Општина Струмица е рекордер во трошењата за репрезентација во споредба со останатите општини, следена од Струга, Прилеп, Битола и Ѓорче Петров. 

За 2018 година, највисок тендер за репрезентација има склучено општина Ѓорче Петров.“

-пишуваат во својата статија од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија

Остатокот од истражувачката сторија прочитајте го тука.

Креирано од:


Пренеси го гласот