Пред 10 години, на 19.12.2009 год., стапи на сила одлуката на Советот на ЕУ за визна либерализација, со што македонските граѓани почнаа да патуваат во државите-членки на Шенген зоната без визи. Како вицепремиер за европски прашања, заедно со тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, при првото безвизно патување, заедно со стотина наши сограѓани го посетивме Париз.
Визната либерализација останува еден од нашите најголеми успеси во европската интеграција, и највидливата европска придобивка за сите нас. Честитки за сите оние што напорно работеа за реализација на овој историски успех!
-фејсбук статус на Васко Наумовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија