Почитувани сограѓани,
како што веќе сте запознаени за жал од доаѓањето на СДС на власт не можеме да пишуваме за реализирани проекти и активности насочени кон развој на нашата општина.
ЗОШТО???
БИДЕЈЌИ НЕМА…
НИШТО…
00000000
Но затоа пак бескрупулозни се во сплетки, игри и местенки се со цел задоволување на сопствени или нечии интереси, а колку поблиску сме до датумот 3 Јануари толку повеќе структурата на СДС е во ГОЛЕМА ПАНИКА, па така почнаа да прават непромислени дејствија
Замислете најпрвин направија промена на директорот на Дом на културата Пробиштип и на нејзино место поставија ВД Директор и тоа со средно образование. Причината голема тајна, а општо позната. На актуелниот распишан оглас треба да се пријави сега веќе бившата директорка како би си обезбедила работно место.
За да биде поинтересно во Центарот за социјална работа Пробиштип исто така имаше промена на ВД Директорот, а на нејзино место беше поставен нов ВД Директор, но УПС, за само ТРИ ДЕНА и после ТРИ ДЕНА повторно стариот ВД Директор. Причината непозната, но веројатно голема, бидејќи министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во рок од три дена разреши, назначи, па пак разреши, пак назначи.
Циркус невиден, едниот стани од столчето, другиот седни на столчето, па ајде пак стани од столчето да седнам на столчето.
Е ТОА ПРАВИ ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ ПОЧИТУВАНАТА СДС НА ВАКОВ НАЧИН ОДИ ПО ,,ПРАВИОТ ПАТ,,. НЕКАКО МНОГУ ИМ СЕ БРЗА ДА ГИ СРЕДАТ, ДОСРЕДАТ РАБОТИТЕ БИДЕЈЌИ СТРАВОТ ЗА ЖАЛ ПРЕДИЗВИКУВА НЕРАЦИОНАЛНОСТ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО И ПОСТАПУВАЊЕТО
НЕКА НИ Е ГОСПОД НАПОМОШ ВО ЧИИ РАЦЕ НИ Е ДРЖАВАТА, НАШЕТО ПАРЧЕ ЗЕМЈА КОЕ ПОЛЕКА НО СИГУРНО ЦЕЛОСНО ГО УНИШТУВААТ.
НО НИЕ СМЕ ТУКА ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ, БУДНО СЛЕДИМЕ СЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА И НАСКОРО МНОГУ НАСКОРО ЌЕ ГИ СМОГНЕМЕ СИТЕ СИЛИ СО ВАША ПОМОШ ДА ГИ ИСПРАВИМЕ РАБОТИТЕ БИДЕЈЌИ ОВА Е НАША ОПШТИНА, НАША ДРЖАВА И НИКОЈ АМА БАШ НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ЈА УНИШТУВА.
Обновата доаѓа!
-интегрално соопштение до јавноста на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!