Советникот за спорт и млади на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Борко Ристовски не отстапува од своите убедувања во однос на идентитетските прашања на својот народ.
Уште во средината на минатата година тој се изјасни во јавноста дека за него не постои друго име на оваа држава освен Република Македонија.
Чуварот на Македонскиот ракометен гол познат по своите спектакуларни одбрани во изминатите години на својот Инстаграм-профил објави фотографија од хотелот во кој е сместен националниот тим на која го имаше пречкртано терминот на “с” и напиша „никогаш северна“.
„Резервирано за играчите на националниот тим на С. Македонија“, пишуваше на ливчето во хотелот во Словенија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Самопрогласени „синдикални лидери“ шират лаги за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип