Пропагандната машина за дефокусирање и манипулирање на јавноста од страна на СДСМ преку злоупотреба на јавните функции и ресурси во интерес на остварување на политичка корист за политички претставници на оваа партија беше предмет на вчерашната реакција на прес конференција на на СДСМ од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип.
Во продолжение интегрално ја пренесуваме нивната реакција:
“Лицемерно и недостоинствено е во ек на нова афера со име Рекет 3, да зборувате за покачување на платите во здравството. Додека сомнителни зделки се случувале зад затворени врати, поради кои домашна компанија излезе од игра, вие промовирате статистичко покачување на платите.Кога зборувате за покачување дали мислите за зголемување бројот на тендери на вашите блиски соработници и поддржувачи, а не реално покачување на платите во здравствениот сектор?Кога зборувате за Прав пат, дали мислите за рекетот по кој ќе остане запаметена вашата Влада?Граѓаните знаат дека кога СДС е на власт, се качуваат цените, се зголемува стапката на инфлација, се намалува куповната моќ, а тоа допринесува за осиромашување на граѓаните.Затоа, ова покачување на платите е само проѕирен предизборен популизам, кој ќе нема никаков ефект кај се‘ помалубројниот здравствен кадар кој остана во нашата држава!”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември