Во продолжение го пренесуваме партиското соопштение на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип:
За 11 години, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја формираше итната медицинска помош во Пробиштип, за да сите граѓани во Пробиштип добијат иста здравствена заштита како останатите граѓани во поголемите градови. Нешто што СДС во деведесетите го уништи, а сега сака да го приватизира на штета на сите граѓани.
Граѓаните помнат, а СДС заборава.
“ВМРО-ДПМНЕ инвистираше во медицинска опрема. Најсовремен рендген апарат, ехо апарат, тотално обновен возен парк со нови амбулантни возила со стручно обучени медицински тимови, целосно опреми ОРЛ ординација, дерматовенеролошка ординација, стоматолошка детска превентивна ординација, смена на под и поставување на ПВЦ прозори во делот од објектот-Јужно крило кое како што вие велите “не се користи”, а е специјалистички дел😊 и сеуште функционира и ги очекува идниот кардиолог, интернист, невролог, биохемичар и педијатар, кадар кој владата на ВМРО-ДПМНЕ му овозможи да специјализираат.
Изготви проект за смена на кровна конструкција и греење и аплицираше за донација. Проект кој Вие си го препишувате на Вас како партија, а е проект изготвен од вработените во таа институција.
Прашање за вас:
Колку специјализации пуштивте вие за овие три години?
Одговор: НИТУ ЕДНА!
Колку возила купивте?
Ниедно!
Една инвестиција барем спомнете за овие три години во Здравствениот Дом.
Немате!
Што имате – само пустош.
Имате вработувања по партиски клуч, партиско раковдство кое само на себи си дели функции, а со тоа и покачување на платите.
Тужби од специјализантите поради неплатени обврски.
Уништување на Здравниот Дом и негово просторно узурпирање со старечки дом.
Две институции во еден објект, под надлежност на две министерства, случај за кој ќе се позанимаваат институциите кога ќе дојде обновата на Македонија.
Граѓаните сето ова го знаат убаво, но дали СДС го знае.
Никогаш како досега не е имало партиска поделеност во оваа институција како што има сега. За ова сте заслужни ВИЕ господа од СДС. Многу ЌЕ имате господа од СДС и премногу далеку сте вие од правиот пат.
На 12 АПРИЛ граѓаните ќе ви го кажат тоа.
А ние Ве замолуваме да не правите штета на оваа институција, за да после 12-ти институциите на системот кој тотално го уништивте – нема работа со вас.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година