БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Соопштение на ОО СДСМ Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Почитувани сограѓани,
Г-дата од ДПМНЕ, да не се смешни ќе бидат жални! Оперирани од срам и без образ продолжуваат со лагите и манипулациите промовирајќи некаква грижа за домашното стопанство.

Г-да од ДПМНЕ, Ве прашуваме, каде бевте со вашите грижи за домашните фирми 11 години додека бевте на власт, што направивте за обичниот работник, дали ги покачивте платите или помило ви беше да градите споменици и да го билдате финансиското салдо на вашата Партија додека граѓаните осиромашуваа и се иселуваа?

Вие имате образ да зборувате за притисоци врз администрацијата? Па, требало да му кажете на Јанушев, ако „не знае“, како вие ја практикувавте власта во Делчево и колку граѓани кои не беа ваши поддржувачи избркавте од работа и со какви работи се служевте за да уценувате.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Вие многу добро ја знаете вистината, а ја знаат и граѓаните на Делчево, знаат за каква обнова „плачете“ и нема да дозволат враќање на бегалецот од Будимпешта и обнова на груевизмот со сите абнормалности што го карактеризираа тој минат систем. Тоа останува во минатото, вие сте минато, а ние чекориме цврсто по правиот пат градејќи европска држава со европски вредности и враќање назад нема!!! Граѓаните на Делчево ги препознаваат позитивните политики, сакаат повисоки плати, слобода, сакаат правда, сакаат да живеат во стабилна европска држава.

Извор: Фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот