Здравствените власти објавија дека во клиничкиот центар во Штип е подготвен простор и медицински персонал за тестирање на евентуално постоење на Корона вирус кај сомнителни пациенти кои манифестираат симптоми.
Од друга страна на социјалните мрежи постои масовно негодување од страна на населението за подготвеноста на надлежните за справување со евентуална појава на заболени од Корона вирус.
Оттука апелираме за што е можно побјективно известување и информирање за состојбите на екипираност и мерките кои се превземаат од страна на надлежните институции и лица кои се вклучени во синџирот за борба против појавата на заразата од овој вирус кој го тресе светот во глобални рамки. Недостигот на информации во јавноста од страна на надлежните институции допринесува за ширење на шпекулации и искривување на сликата за потоа неосновано почнува да се шири паника кај населението.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание