БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Како по правило, пред избори, Градоначалникот на Штип ги паркира работните машини во коритото на р. Отиња

Пренеси го гласот

На прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип го обвинуваат Градоначалникот Благој Бочварски за евтин популизам и неспособност во неговото работење.

Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ ги разоткрива обидите на Градоначалникот на Штип пред избори да се зголеми контото на гласови на СДС преку покажување во јавност дека нешто се работи, а всушност коритото на реката Отиња кое требаше одамна да биде завршено се уште стои во првобитна состојба.

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот од прес конференцијата на Игор Ефтимов:

“Како по правило, пред избори, Градоначалникот ги паркира работните машини во коритото на р. Отиња.

Мислејќи дека граѓаните ќе паднат на евтиниот популизам, без срам ќе ископа по некоја дупка, за да го зголеми ниското конто на гласови кои ќе ги добие СДС.
Овде од оваа место неколку пати досега укажуваме на неспособноста и манипулирањето на градоначалникот.

100- тината метри незавршено корито на р. Отиња требаше одамна да бидат  финиширани, но очигледно некој беше презафатен со делење на тендери самиот на себе.

Обидите да се прикаже работа му се залудно потрошени, поради тоа што истите треба да ги има во текот на целиот мандат. Но, неспособноста која царува во целокупната структура на оваа локална власт, очигледно не може да донесе резултати. “

Креирано од:


Пренеси го гласот