Она што загрижува најмногу не е корона вирусот, туку оној став на власта и здравствениот систем: Лако ќе мо ми то!
А ваму, објективно, две нацртани овци да ви дадат ќе ви избегаат.
Не може бре да ти доаѓаат луѓе од заразени подрачја, а вие да ги пуштате во државава само со проверка на пасошот и гаќите во куферот. Не може.
Малоумни ли сте?
Кина изгради цела болница за неколку месеци од две или три милијарди долари, ангажираше два милиони луѓе околу карантините и внатре, што војска што полиција, лекари, сестри и други. Знаете дека го стрелаат секој што ќе се обиде да го напушти карантин от без дозвола? Го стрелаат.
Вариола Вера епидемијата во 1972 кога дошла во Југославија, читнете каков бил карантинот. Пиле не смеело да прелета.
Вие дома ги пуштате без проверка. Карантин јок. Нас ќе не одмине стопосто. Каква корона. Лажни вести.
Се е овде лоша импровизација, ако воопшто ја има. Ние сме говеда без мозок што само се препуштаат на судбината. Затоа тонеме. Не корона, вошки ќе не изедат кај и да е.
-фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија
Николоски: Коридор 8 го градиме со силна динамика, автопатите и железницата ќе ги изградиме во предвидените рокови