БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Невенка Стаменковска под мотото “Фер избори-Пријави притисок” утре ќе присуствува во Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дополнителната заменик министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска утре среда 04.03.2020 година ќе биде на располагање на граѓаните на Штип.

Нејзината посета на Штип е во насока на сузбивање на злоупотребите од страна на власта на СДСМ за спречување на се поизразениот притисок кој што се случува врз јавната администрација преку злоупотреба на можта на институциите во партиски цели.

Заменик Министерката Стаменковска има ставено на разполагање службен број во министерството како и нејзино електронско поштенско сандаче преку кои што сите граѓани ќе може да пријавуваат злоупотреба од страна на властите на СДСМ на државните институции за остварување политички интерес на нивната партија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение го пренесуваме краткото соопштение на Невенка Стаменковска во врска со оваа нејзина посета на Штип:

“Почитувани сограѓани, утре сум во Општина Штип на отворен ден за “ФЕР ИЗБОРИ, ПРИЈАВИ ПРИТИСОК”
Ве поканувам да ни се придружите, пријавите и дискутираме заедно за проблемите и предизвиците во/на јавната администрација.
🗓️04 март 2020
⏰ 15:00-17:30
📍 Пратеничка канцеларија на пратениците Трајче Димков и Никола Мицески, општина Штип”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace