Ширум Европа заканата за ширење на Корона вирусот е присутна насекаде.
Вчера на работен состанок Германската канцеларка Ангела Меркел беше одбиена за ракување од страна на германски политичар.
Со тоа во јавноста се дава поголем публицитет за мерките на претпазливост кои што треба да ги превземаат секој граѓанин кој е во потенцијален ризик за инфекција со вирусот.
Во Македонија во изминатите неколку денови се појави високо ниво на своевидна паника помеѓу населението, но истата постепено спласнува. Смирувачките тонови на властите се присутни во јавноста и по медиумите, но сепак тоа не значи дека опасноста од епидемија на корона вирусот е помината, за што граѓаните треба максимално да бидат претпазливи и да ги практикуваат посочените превентивни мерки против заразата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани