Денеска во јавноста се обрати и Д-р Ленче Нелоска – магистер по јавно здравје, со препораки до граѓаните со цел заштита од проширување на епидемијата од корона вирусот кои се однесуваат на:
– Лична одговорност и свест
– Останување дома, лимитирање на контакти
– Лична хигиена и миење на рацете, препорачува Д-р Ленче Нелоска.
“Од суштинско значење е како ние како Македонија како држава, како народ ќе ја пребродиме и поминеме оваа епидемија со нашето однесување, нашата лична одговорност кон препораките кои што се дадени од Светската здравствена организација и од нашите здравствени власти. Ние сме мала земја и затоа нашиот личен допринос во оваа ситуација е од многу поголемо значење во однос на другите поголеми земји и нации.
Секој од нас треба сто процентно и одговорно да се однесува кон препораките и да ги спроведува мерките кои што се дадени од СЗО и од нашите здравствени власти.
Да се внимава на личната хигиена и контактите пред се! Препораките за затварање на училиштата за затварање на различни објекти треба да значи дека сите тие лица треба да останат дома, треба да остана во што е можно по ограничен круг на луѓе, односно контактите да бидат што е можно помали.
Секое прекршување на овие препораки ве носи во ризик повеќе вас, вашите блиски, вашите семејства и конечно целата наша земја и секој еден член на ова општество.
Затоа уште еднаш ве молам, се повикувам на вашата свест на вашата лична одговорност кон семејството, кон тие што ги сакате и кон целата заедница: Почитувајте ги мерките и препораките кои што се дадени.”
-соопшти таа во своето обраќање кон јавноста.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026