Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од местото на својата самоизолација денеска во јавноста упати свој коментар во однос на 4 актуелни теми кои се од интерес на јавноста.
Тој во своето видео обраќање уште еднаш апелираше до првиот човек во владата, Оливер Спасовски да излезе во пресрет на барањата на кумановчани за справување со алармантната состојба со пандемијата на Корона вирусот.
Денеска е мојот шести ден во самоизолација, се чувствувам одлично и здравствено и физички. Ја користам оваа прилика да ви посакам добро здравје вам и на вашите семејства, на сите оние кои што се инфицирани од Ковид-19 вирусот побрзо закрепнување, а на медицинските лица, припадниците на МВР, армијата да им се заблагодарам за сето она што го прават за македонските граѓани и за Македонија.
Денеска ја користам оваа прилика да коментирам 4 теми кои што се актуелни изминативе денови. Би започнал со можеби најактуелната а тоа е состојбата со Ковид-19 вирусот во Куманово. Во текот на вчерашниот ден имавме голем број на апели на кумановчани па дури и на градоначалникот на Куманово до владата за прогласување на кризна состојба и поуспешно справување со Ковид-19 вирусот и оваа пандемија која што ни се случи. Но од друга страна видовме еден примитивен инает, надменост би рекол лична фрустрација и суета од страна на владата и техничкиот премиер Оливер Спасовски кој никако позитивно да одговори на барањето на кумановчани и градоначалникот на Куманово. Иако и кумановчани и сите ние сме сведни дека пред некоја недела дека токму лично тој под превезот на хуманитарна помош за ранливите социјални категории се обидуваше да спечали некои политички поени, на тој начин некако го рашири Ковид-19 вирусот и пандемијата во Куманово.
-соопшти тој на почетокот на своето видео обраќање до јавноста.
Во продолжение го пренесуваме целото негово обраќање:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово