БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зоран Заев избега од градење консенсуз за националните прашања наспроти бугарската негаторска политика

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по лидерската средба која што се одржа вчера кај Стефо Пендаровски го обвини лидерот на владеачката СДСМ дека го одбил предлогот да се разговара за градење на национален консензус за стратешки одговор кон проблемите кои Македонија ги има со Бугарија. Условувањата за деноминација на македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската историја како услови за евроинтегративните процеси според настојувањата на ВМРО-ДПМНЕ изискува широк национален одговор и изградена национална стратегија од највисок приоритет за зачувување на македонските национални интереси. А токму ова прашање кое е од највисок приоритет во моментот покрај справувањето со корона кризата за македонскиот народ е ставено под тепих од страна на Зоран Заев со ваквото одбивање на предлогот на Мицкоски.

Во продолжение погледнете ја во целост изјавата на Претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ од пред претседателската вила на Водно.

“Не сакам да победам и да бидам мандатар по цена на човечки жртви – Здравјето на граѓаните на прво место!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Она што го предложивме и се прифати е следното:
➡️ здравствената комисија треба да даде оценка за состојбата во однос на здравствената ситуација и можноста за одржување на избори;
➡️ да се обезбедат набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР;
➡️ да се произнесе ДИК за тоа дали има услови за избори;
➡️ да се обезбеди и определи можен датум за избори.

Исто така предложив содржината на дневниот ред да биде дополнета со уште една точка, а тоа се проблемите коишто ние ги имаме со нашиот источен сосед во делот на негирање на идентитетот, на идентитетските прашања, што објективно може да биде реална пречка за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите.

За жал немаше консензус, односно претседателот на СДСМ одби да разговара за оваа точка да биде дел од дневен ред. Жалам што ја испуштивме оваа можност заеднички да еднаш изградиме консензуален став околу националните приоритети коишто понатаму треба да ни бидат водилка како ќе пристапуваме кон ЕУ.

Се надевам дека ќе се осмелат и охрабрат во некоја наредна средба заеднички да усвоиме став и позиција со којашто ќе настапуваме во иднина во процесот на преговори.”

https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1548936915281762/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace