Полициски службеници според зборовите на Оливер Спасовски не смеат да учествуваат во политички кампањи. Ова веројатно важи за сите други но истото не важи за началникот на полицијата во Кочани.
Општинската организација на СДСМ Кочани на својата партиска фејсбук страница објавија фотографии од партиски состанок со Зоран Заев на кои што може да се забележи и Началникот на полицијата во Кочани Александар Максимов.
Која е улогата на овој полициски началник на партиски состанок на СДСМ во отсуство на информации во јавноста, на граѓаните им останува да шпекулираат.
Дополнително симптоматично е што присуството на партиските состаноци на началникот на полицијата во Кочани со Зоран Заев, одговорните лица за односи со јавност кои ја администрираат фејсбук страната на СДСМ ОО Кочани тоа со помпа го објавуваат во јавност, правејки ги популарни луѓето на фотографиите, вклучително и самиот началник.
Прашањето дали ваквите објави на овие луѓе на СДСМ служат за ширење на страв кон граѓаните од можна репресија или тоа го прават од неукост останува нејасно.




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание