БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки: За неодговорноста не само што ќе понесете политичка, туку ќе понесете и кривична одговорност за загрозување на јавното здравје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Полковник Драган Ковачки ги сподели црните податоци кои го тиштат обичниот Македонски граѓанин под налетот на пандемијата со Ковит-19 и неспособноста на актуелните власти да се справат со истата.

“Некои религиозни лидери веќе прогласија победа над Ковид-19 и го прогласија за мртов. СДСМ и нивните гласила до таа мера ја релативизираа состојбата, чиниш борбата со вирусот е веќе зад нас и дека е дојдено време дрско да се впуштиме во кампања во лов на гласови од народот кој го пцуеја и го нарекуваа стока.

Господа од власта, време е да одговорите на 2 едноставни прашања:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

1. Зошто Македонија има најголем број на мртви на милион жители во регионот: двојно повеќе од Србија, скоро тројно повеќе од Бугарија и Грција и пет пати повеќе од Албанија?

2. Зошто само кај нас кривата на заразени во последните пет дена оди нагоре, а кај сите останати или стагнира или е во опаѓање?

Погледнете ги бројките, седнете, размислете и покажете зрелост кон граѓаните на Република Македонија.

За неодговорноста која ја демонстрирате, не само што ќе понесете политичка, туку ќе понесете и кривична одговорност за загрозување на јавното здравје.”

Креирано од:


Пренеси го гласот