БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наместо бистра вода полна со живот, по Брегалница денес течеше бела неидентификувана течност

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Наместо со бистра вода на која што се сеќаваат многумина жители кои што живеат покрај реката Брегалница, денеска коритото на оваа наша некогашна природна убавица беше исполнето со неидентификувана бела течност.

Овие поразителни фотографии нека бидат аларм за надлежните власти кои што досега останаа неми и глуви за сопствените ветувања за санација на главниот колекторски систем на реката Брегалница во Штип како и изградба на пречистителна станица за отпадни води за овој град на истокот од државата.

Истовремено последиците од ваквата еколошка катастрофа како и односот на надлежните кон животната средина нека бидат камен темелник од кој што идните власти во општината Штип и ширум државата ќе започнат наголемо да ја менуваат ваквата недозволена состојба кон подобро за сегашните и идни генерации.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За овој проблем реагираше во јавност и Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип Иван Јорданов:

“Вака изгледа р. Брегалница денес. Се ветуваше санација на главниот градски колектор и изградба на пречестителна станица. Сето тоа остана само за пред камери. Еколошка катастрофа се случува во нашиот град. Надлежните инспекторати како и за се останато немо набљудуваат. Ја повикуваме локалната власт и надлежниот инспекторат најјитно да излезат на терен и да ги откријат сторителите за ваквата состојбата. Време e заспаните власти да се разбудат и да почнат да работат во интерес на граѓаните. Пред се, и над се е заштита на здравјето на граѓаните. Ваквите слики се загрижувачки и недозволиви.”

-напиша Јорданов на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот