БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за нов систем за јавни набавки по примерот на најразвиените земји за заштита од проневери

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Еден од главните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Република Македонија во изминатите 30 години се злоупотребите при трошењето на јавните буџетски пари од страна на функционерите на власта.

Овој камен на сопнување на секоја власт беше како синџир околу вратот на Република Македонија и главен фактор науништувањето на македонската државност. Легализираниот грабеж од властите на државниот буџет е несомнено проблем со чие што решавање ќе треба да се занивама интензивно ннаредната власт доколку сакаме државата да излезе од калта во која беше заглавена од досегашната власт.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за надминување на овој круцијален проблем предлага еден нов систем кој што е по примерот на повеќе високо развиени земји во Европа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Новата Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе ги уреди постапките за јавни набавки и ќе ги заштити народните пари преку воведување на ефикасни ex-ante и ex-post контроли.
Со Проектот “Обнова на Македонија“се обврзуваме:

  1. По примерот на Европските држави (Хрватска, Италија, Франција, Данска, Финска и Шведска) дека ќе формираме Централно тело за набавки кое ќе врши централизирани набавни активности и помошни набавни активности. Со формирање на ова тело ќе се заштедат финансиски средства и ќе се овозможи квалитетно спроведување на постапките за јавни набавки од едно местo ќе се набавуваат стоки и услуги за повеќе институции.
  2. Воведување на надлежно тело или организациска единица во рамките на Бирото за јавни набавки задолжена за контрола на критериумите за економски најповолна понуда и за спречување на манипулации во процесот на јавните набавки. Воведената управна контрола од страна на Владата на СДСМ за чие спроведување надлежен орган е Бирото за јавни набавки е многу критикувана од оценската мисија на ЕУ, но и од сите договорни органи, невладини организации и економски оператори. Постоечкиот начин на управна контрола е квази решение, односно не постои во ниту една земја членка на ЕУ.
  3. Ќе се намалат вредносните прагови за примена на Законот за јавни набавки особено во секторските дејности.
  4. Ќе се воведе осигурителна гаранција во Законот за јавни набавки односно фирмите кога ќе аплицираат на државните тендери ќе имаат можност да изберат помеѓу банкарска гаранција и осигурителна гаранција.
  5. Заради намалување на корупцијата, критериумот цена нема да може да биде понизок од 60%, освен во исклучителни ситуации кои ќе ги одобрува Бирото за јавни набавки.
  6. Основање на Совет за јавни набавки кој ќе дава претходна согласност на договорните органи за распишување оглас за јавна набавка чијашто вредност надминува 20.000 евра за набавка на стоки и услуги, односно 50.000 евра за градежни работи. Ќе се изврши ревизија на сите сомнителни постапувања при јавните набавки во последните три години.

Обновата доаѓа!”

-соопшти заменик министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

https://www.facebook.com/110911703757588/posts/174409567407801/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace