Мерки ли се мерки
Граѓански товар на плеќи
Стани си рано наутро
Стави си маска на лице
На работа ти отиди си
Со градски превоз задишан
Дистанца ти држи си
И Комисија шо вели слушај си
А дали и Тие ко и Некои Други
Знаат шо кажват ил не
Тоа СЗО не не одговара…
На раце латекс ракавици
Чунки работа те чека напорна
Дома вирус да не пренесеш
Бољка е рѓа опасна!
Стани си рано наутро
Стави си маска на лице
На работа ти отиди си
Со градски превоз задишан.
Така цел живот работи
За туѓи црни тендери!
Ти минимална земај си
Трај си ќути си од полошо…
Кубур за црни дни чувај си,
Чунки памет и ум да те води.
Така ќе време минува
Живот през раци поминиват
Ти ќе плачеш по маската
А друг ќе се смее со препораки!
На кој да кажеш да се поплачеш
На маката ти препорачана?
Слушате ли и сега Вие,
Мои драѓи сограѓани
Комисиски предлози неиздржани?
Трај си ќути си од полошо
Ој ти Македонче послушно!!
Пишува: Гоце Љ. Марков


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст