Конфедерацијата на независни синдикати на Македонија за утре организира протести во шест Македонски градови против самоволието на Регулаторната комисија во врска со поскапувањето на цената на струјата што беше направено пред неколку денови.
Протестите за утре се закажани за Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга и ќе почнат во 18 часот, а во Куманово протестот ќе започне во 14 часот.
Покрај укинувањето на последната одлука на Регулаторната комисија со која ја зголемија цената на струјата за 7,4% барање на организаторите на протестот е и распуштање на Регулаторна комисија за енергетика и формирање на ново тело во рамки на Македонскиот парламент кое ќе ги разгледа и адресира сите жалби на граѓаните кон енергетските компании.
-Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја укине одлуката за поскапување на електричната енергија за 7.4 отсто и да ја намали цената за потрошувачите за 46 отсто. Владата да го намали ДДВ од 18 во 5 отсто, да го елиминира монополот на компанијата ЕВН со укинување на договорот со цел да и се стави крај на нивното некоректно и нечовечко однесување. Да се национализира дистрибутивната мрежа и да создаде олеснителни политики за простување на долгот на социјалните случаи, вели Кренар Османи, пренесе ТВ21.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патека која не е дел од официјалната патека за одржување на велосипедската трка во рамки на ЕМОФ
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината