Поранешниот министер за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев со своја порака на социјалните мрежи го честиташе денешниот ден на Армијата на Рапублика Македонија:
“📅 Денес е 18 август – Денот на Армијата.
➡️ Како важен столб на нашата независност, Армијата ја отсликува реалната структура на македонското општество и ја чува нашата безбедност и безбедноста на нашите најблиски. Со својата реформска посветеност, професионализам во извршувањето на одговорните задачи и постигнатите резултати во мировните мисии, Армијата е ценет партнер на Алијансата во одбраната на споделените вредности – мирот, безбедноста и демократијата.
🤝 Македонските војници се горди, храбри и професионални. Им честитам на сите припадници на Армијата. Честитам за професионализам во извршувањето на одговорната задача, но пред сè за нивната солидарност и лојалност кон татковината.
🇲🇰 Нека е вечен Денот на Армијата на Република Македонија!”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот