Во Делчево во минатото постоеше една стара (малограѓанска) традиција со која кога дојде одредена партија на власт во градот, веднаш ја фарбаа оградата на главниот мост во центарот на Делчево во бојата на нивната партија.
Така кога доаѓаше СДСМ на власт оградата беше фарбана со сина боја, за кога ќе дојдеше ВМРО-ДПМНЕ на власт оградата да биде офарбана во црвено-жолта боја.
Оваа “богата” традиција беше прекината во 2009 година кога тогашниот градоначалник Горан Малешевски сметајки дека станува збор за малограѓанска работа и непотребен театар наложи мостот да се офарба со сива боја.
Сивата боја опстојуваше до пред некој ден, кога локалната власт предводена од актуелниот градоначалник од СДСМ ја офарбаа повторно оградата на мостот со сина боја.
Дали во иднина ќе продолжи ваквата “богата и живописна” традиција останува да видиме, додека Делчево брои голем број на заболени од ковит-19, делчевчани живеат во сиромаштија, со економија на стаклени нозе, со егзодус на делчевчани по странските плантажи со лозје итн….
Фото извор: Општина Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи