Гордана Димитриеска Кочоска која што е претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција ја алармираше јавноста за дополнителни сомнежи за противзаконското работење на Еуростандард банката во пласманот на кредити со преценети хипотеки, односно испумпување на повеќе пари од банката од страна на фирми блиски до власта за сметка на помали сими на хипотеките кои служат за нивно покритие.
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Гордана Димитриеска Кочоска од прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ:
Пропаѓањето на Еуростандард банка вториот ТАТ, е афера тешка околу 200 милиони евра, колку што и вредеше активата на банката заклучно со 31.12.2018 година, за жал последниот јавно расположлив ревизорски извештај на банката. Епилогот е 100 илјади блокирани сметки, четириесетина илјади пензионери без своите пензии, измамени штедачи и над 20 милиони евра депозити кои што ќе останат непокриени. Но воедно овде се отвора и сомнеж за криминално и коруптивно работење.
Таа додаде дека вистинското прашање во аферата тешка 200 милиони евра е на кој начин се одобрувани кредитите кои набрзо станувале лоши пласмани и зошто тоа било премолчувано од најмалку три финансиски институции задолжени за контрола на банките. Дали е точно дека во аферата Еуростандард банка тешка 200 милиони евра, над 55 милиони евра кредити без покритие се делени на различни компании меѓу кои и струмички компании блиски до власта? Јавноста ја интересира кои се тие компании кои земале пари без покритие, или со хипотеки со преценета вредност.
Сомнежот е дека се делени кредити за недвижнини со нереална и над проценета вредност со цел да се добијат повеќе пари. Да потсетиме дека Зоран Заев изјави дека знаел за работењето на банката една година, а министерката за финансии заштедата од 250 илјади евра навреме ја извадила од банката.
Ова е коруптивен случај чии пипци одат до највисоките структури на власта, посочи Димитриеска Кочоска.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината