БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Рудникот Саса денеска со свое соопштение во врска со актуелностите по еколошката катастрофа од пред некој ден

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст на соопштението на менаџментот на рудникот Саса упатен до јавноста во врска со неодамнешната еколошка катастрофа која ги погоди жителите на Македонска Каменица и животната средина по текот на Каменичка Река и река Брегалница:

“Македонска Каменица, 18.09.2020

– Рудникот САСА итно започна со санација на последиците од краткотрајно истекување на јаловишен материјал во локалниот речен тек, што се случи на што на 14.09.2020 и кое во краток рок беше запрено.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во договор со надлежните институции на локално и државно ниво и по добивањето неопходните одобренија, во најкраток можен рок Рудник САСА ќе започне со чистење на речното корито. Во првата фаза од чистењето ќе бидат опфатени приоритетните зони посочени од надлежните институции, а во втората фаза ќе се пристапи и кон чистење на преостанатиот дел од речното корито за што компанијата подготвува план и соодветна документација. Целата операција ќе се одвива во соработка и координација со локалната заедница и општината Македонска Каменица.

Дополнително, рудник САСА ќе изврши темелна анализа, врз основа на што компанијата ќе ги преземе сите неопходни дополнителни активности кои треба да обезбедат долгорочна заштита на животната средина, биодиверзитетот и здравјето на луѓето.

Паралелно со ова, Рудникот САСА, раководејќи се според најдобрите достапни светски технологии и стандарди во оваа област, ќе ги направи сите потребни инженерски прилагодувања со цел да се осигури дека вакво нешто нема да се повтори. За таа цел веќе се ангажирани и глобалните консултанти од компанијата „Најт Пиезолд“ кои исто така ќе помогнат во овој процес.

Во реализација на сите овие мерки и активности, Рудникот САСА и понатаму интензивно ќе соработува со сите надлежни институции на локално и државно ниво, како и со претставници од академската, научната заедница и граѓанскиот сектор, со цел да се обезбеди натамошен одржлив развој на рудникот во согласност со највисоките стандарди.”

https://www.facebook.com/rudniksasa/posts/2973735866063946

Креирано од:


Пренеси го гласот