Напредокот, односно излезот од оваа ситуација во која сме западнати како нација, како држава, а може и да се земи како едно глобално се вселенско лудило, верувам дека се темели во фактот што ни недостасуваат филозофи, социолози, паметни луѓе, кои би се откажале од своето его и би жртвувале еден дел од своите животи за општо добро, без разлика дали на нацијата или човештвото.
Колку и да звучи клише или веќе излитено, употребена фразата “платени се” или уште по несоодветна “купени се” мислам дека никој од нас не ја годи вистинската суштина.
Секој научен труд, секоја паметна глава во својот живот има своја мецена. Мецената која го финансира научникот и самиот научник воопшто не треба да имаат иста идеологија и цел. Напротив. Праксата секогаш, во ваквите релации, покажува силни спротивставености. Самиот Никола Тесла кој е виновник за целиот оводневен технолошки напредок, бил финансиран од страна на корпорации кои уште тогаш размислувале само на профит и како сите тие пронајдоци да ги искористат за да испумпаат што е можно повеќе пари од народот, владите, државите на своја сметка. Дури пронајдоците со кои се предвидува ползење на природните ресурси за доброто на луѓето низ целиот свет, тие ги земале и ги криеле 9 метра под земја за никој никогаш да не ги пронајде.
Дали, доколку денес Никола Тесла беше жив, немаше да го окарактеризираме како платен, купен, финансиран !? Секако дека да, а и не сме далеку од вистината, затоа што тој и бил платен, купен и финансиран, но и покрај сите тие работи, тој измислил голем број на пронајдоци кои денес го движат човештвото, а тоа што дел од неговите пронајдоци се користат за богатење само на 1% од целокупното население во светот, зато што неговите пронајдоци се користат како оружје, тој воопшто не е виновен.
Да повлечиме една паралела и да извлечиме една контратеза. Јас и брат ми во текот на нашите животи сме финансирани од еден финансиски извор, од татко ми. Брат ми сите пари што ги добиваше од татко ми ги вложуваше во книги, образование и рапидно напредуваше во сите полиња, а јас, моите пари што ги добивав од татко ми ги трошев на дрога, алкохол и забави. Дали денес ќе речиме дека поради тоа што татко ми ме финансирал додека сум растел јас сум станал нарко зависник или алкохоличар!? Да ќе речевме и тоа е легитимно и вистинито, но дали тоа бил само мој избор кој лесно можел да биди избор јас да моите пари да ги потрошам на начин на кој што тоа го сторил мојот брат !? Секако дека да.
Финансиите кои ги добиваат активистите кои се финансирани од Сорос и од сличните организации на сличните луѓе како него, како ќе бидат искористени зависи само од оние кои се финансирани. Дали нашите филозофи, социолози и паметни луѓе, за кои сметам дека во овој момент се оние кои можат да не извлечат од кризата која ја имаме во моментот, можат тие финансии да ги искористат за доброто на Република Македонија и нашиот народ ? Да секако дека можат, само треба да сакаат, прво активно да се вклучат во невладиниот сектор, а потоа да се подготват да ги исдржат сите притисоци и напади со кои ќе се соочат. Не велам јас дека е лесно да се изврши таа операција, во која парите на мецената со различна иделогија, ќе се употребат од научник со спотивна идеологија, но сигурен сум дека таквата операција е возможна и остварлива, а резултатот ќе биде нешто што можеби, ќе не извади од оваа супер летаргична ситуација. Значи да заклучиме: верувам дека сите пари кои се нудат во граѓанскиот сектор, а кои се насочени во деструкција на нашето општество, можат да се насочат во проекти со кои тоа општество ќе закрепне и ќе ја врати својата сила, единство и национална свест. Можеби целата оваа ситуација звучи на научна фантастика, но нас само тоа може да не извади од оваа позиција: операција како од научно фантастичните филмови.
Пишува: Виктор А.К.А. Башлак