БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зошто носител на изградбата на брана на река Отиња е Министерството а не Општина Штип и што се случи со парите за браната кои требаше да ги добие општината, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на партиска прес конференција Игор Ефтимов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип упати повеже прашања до актуелниот Министер за транспорт и врски а до неодамна градоначалник на Штип Благој Бочварски кои се однесуваат на распишаниот тендер за изградба на брана на реката Отиња од странана Министерството.

Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот од прес конференцијата на Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ:

“Почитувани сограѓани, 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Да не беше трагично, ќе беше комично. Три години се изнагледавме слики и се изнаслушавме лажни ветувања од поранешниот Градоначалник Бочварски. Денес, повторно без срам и на вообичаениот термин пред изборен циклус, ги манипулира штипјани и им ветува проект за кој е неизвесно дали ќе се реализира. За на штипската јавност да и стане појасно, го повикуваме неуспешниот градоначалник во министерска фотелја да објасни: 

Како распиша тендер за изградба на брана на Отиња, кога се уште нема експропријација на земјиштето? 

Зошто не Општина Штип, туку Министерство за транспорт и врски е носител на набавката за изградба на браната? Што се случи со средствата за браната кои требаше да легнат на сметката на Општина Штип? 

Дали Бочварски, каде и да оди, со него си ги носи матните зделки и задкулисни игри? 

Играта на фамилијата Бочварски е позната на постарите. Очигледно дојде време и помладите да видат како работи оваа фамилија со непопуларно име во градежниот сектор. “

Креирано од:


Пренеси го гласот