БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ на 11 Октомври во 1941 година го започнува народното востание против фашизмот- Драган Ковачки со честитка за денешниот празник

Пренеси го гласот

Со нападот што Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година започнува народното востание против фашизмот и окупацијата на Македонија.

11 Октомври секоја година не’ потсетува на македонскиот непокор и дадените жртви за подобро утре на идните поколенија.
11 Октомври е продолжение на борбата за остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност.

За жал, веќе подолго време тие идеали се газат, предаваат и распродаваат од една мала сервилна криминална групација што нема чувство за државност и национална припадност.

Секоја генерација има своја борба. Ние нашата ја почнавме и нема да застанеме. Одиме сплотени со народот до конечна победа и ослободување на Македонија.
Честит празник Македонијо!

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/187881382835994

Креирано од:


Пренеси го гласот