Почитувани владини функционери,
Очигледно е дека тешко се справувате со настанатата здравствена и економско-финансиска ситуација во државата. После пропаѓањето на Еуростандард Банка, сѐ погласно се зборува за приватизација на Македонска Пошта и Македонски Железници. Ваквото раководење со државните компании ќе ја крахира економијата во државата, а ќе остави без работа стотици наши сограѓани.
Како стручен од областа на сообраќајните технологии, сакам да Ви ја понудам мојата стручна помош за спас на овие државни комппании, значајни за економијата и финансиската стабилност на државата. Се нафаќам да работам про-боно со тим кој ќе го составам сам. Она што го барам од Вас, е да не ми се врши политички притисок при одлучување и раководење со компаниите.
Рок, кој сам си го поставувам за спас на овие компании е две, години за Македонска Пошта и четири години за Македонски железници.
Повелете, Ви стојам на располагање.
Пишува: Младен Јаневски
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3760464677297201&id=100000011184432


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година