БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денес потиснатиот писок на делчевските семејства што страдаат под ударот на режимот на Заев ќе се слушне јавно по улиците во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне со почеток во 18.00 часот организира протестен конвој со возила по улиците низ Делчево. Симболично на протестот со свирежот на возилата јавно ќе се слушне потиснатиот писок на делчевските семејства кои што страдаат под ударот на хибридниот режим на Зоран Заев, велат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.

Делчево и делчевчани во изминатите три години се под силен институционален притисок на закани и уцени од страна на властите за егзистенцијата на голем број делчевски семејства така што овој протест е своевиден израз на револтот на делчевчани наспроти ваквата катастрофална состојба, велат дополнително од ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Протестот е од натпартиски карактер така што на истиот може да присуствуваат сите граѓани кои што не се сложуваат со актуелните политики на актуелната власт предводена од СДСМ.

“Време е писокот на делчевските семејства кои страдаат под ударот на хибридниот режим на Зоран Заев да биде слушнат јавно во Делчево.
Градот кој го носи името на Македонскиот револуционер Гоце Делчев не се согласува со продажбата на неговите Македонски корени, дело и борба.
КОГА АКО НЕ СЕГА?
Време е за оставка на Зоран Заев за народот да се ослободи од ова зло!
Сега е моментот!
Протестниот конвој со возила ќе започне во 18.00 часот во среда (02.12.2020 год.) со движење од паркингот пред Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Делчево а ќе финишира на паркингот пред Спомен домот АСНОМ во центарот на градот.
ПРОТЕСТ СЕГА ЗА ДА НЕ БИДЕ ПРЕДОЦНА
ВАЖНО:
Во услови на закана од пандемијата со Ковит-19 која на актуелната власт без компас им избега од контрола, апелираме на сите учесници во протесниот конвој со автомобили максимално да се придржуваат на мерките за заштита од Ковит 19.
Нашето здравје е наша заедничка одговорност за нас самите но и целата наша општина/држава.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-се вели во соопштението упатено до јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.

Покрај во Делчево ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните на уште 14 други градови ширум државата и градот Скопје ќе протестираат за оставка на Заев и конечно ослободување на народот од прангите на оваа ненародна власт.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace