Во недостиг на реализирани големи инвестиции во Македонското стопанство како резултат на неповолните политики на владата на Зоран Заев во изминатите речиси 4 години, Премиерот се пофали во јавност со извозот кој што го реализираат компаниите во ТИРЗ зоните донесени во државата од страна на владата предводена од Никола Груевски.
За овој обид на Зоран Заев да се прикаже во позитивно светло пред јавноста, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ:
“Точно е дека извозот расте во јануари, но тоа е резултат на извозот на странските компании во ТИР зоните кои беа донесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Да бевте барем малку способни во изминатите четири години и да работевте на привлекување нови СДИ по примерот на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сега тој извоз ќе беше многу поголем.
Дополнително, дека работите се исклучително лоши за домашната економија, нешто што се обидувате да го прикриете е фактот што индустриското производство во јануари бележи пад од – 13.5% споредено со истиот месец лани.
Тоа е потврда дека со исклучок на дел од странските компании, домашната економија е во сериозна криза, далеку од период на рестартирање како што најавувате со месеци.
Но лошото допрва доаѓа имајќи во предвид дека после краткиот период на закрепнување на дел од тие странски компании од автомобилскиот сектор кои де факто го влечат извозот, тие повторно влегуваат во една неизвесност поради намалување на светската побарувачка за автомобилски делови што сериозно ќе се одрази врз македонската економија.”
-соопштија од фејсбук страната на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“