Откако поранешниот Градоначалник на општина Аеродром Ивица Коневски на социјалните мрежи се пофали дека поднел кривична пријава за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, притоа во обид за дискредитација го спомнуваше и името на Христијан Мицкоски, вистината споро но сигурно излезе на виделина.
Тужениот Стоилковски обелодени во јавност дека Ивица Коневски го загубил случајот против него, но за тоа Коневски ништо ме спомнал го јавност. Притоа Стоилковски побара извинување од Ивица Коневски за тоа што го тегнел по судови и што го навредувал и клеветел дека лаже.
Притоа Стоилковски го прозва Ивица Коневски да гукне нешто и за Зоран Заев (пофалба или критика).
Целата лична реакција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ја пренесуваме во продолжение:
“И официјално, со судска тапија; именувањето со “Комшија” за Ивица Коневски НЕ Е НАВРЕДА! Зошто бе комшија не кажуваш дека го изгуби процесот против мене за навреда и клевета?
Ајде биди доблесен барем еднаш и онака како што ја најави тужбата на долго и широко, сега да ми се извиниш што ме тегнеше по судови и што ме навредуваше и омаловажуваше дека клеветам и лажам, да ми се извиниш што не вознемируваше мене и семејството.
И пофали се комшија, ти успеала акцијата, си извадил Имотен лист за дуќанот кај Мајчин дом.
И тоа сега, пред месец дена, мислејќи дека си заташкал трагите?
А може и да се гледа како успех за адвокат со три години искуство, кој што ни сам не препознава на суд што е навреда, а што клевета, нели?
Патем, Комшија, ќе гугнеш ли нешто за Заев, критика ли, фалба ли, види тој како ве фали, нов спонзор ли ви е во Мериот, се согласувате со сите ставови? Љубов ли е, интерес ли е?
Или пак ли ќе се жалиш дека сум пишал дека три години збор за Заев не си пишал?
Патем, јас нема да застанам да зборам и покрај заканите “продолжи да збориш, ќе видиш ти”.
“Гугни бе, ќе ми снема лента””


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Огромен успех на Македонската дипломатија” Стигна потврда од ООН
Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа.
Амфенол технолоџи Македонија организира екоакција по повод Светскиот ден за заштита на животната средина во Кочани