БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Боби Темелков (СМК-Канада): План од 10 точки за спас на Македонија и Македонскиот народ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

7 март 2021 година, Торонто, Канада – Да, за Влада за национален спас на Македонија, но не со луѓето кои ја доведоа пред амбис, – вели претседателот на Светскиот Македонски Конгрес – Канада, Боби Темелков кој живее и работи во Торонто, Канада.

Боби Темелков наведува десет иницијални точки за спас на Македонија и Македонскиот народ.

Прво, Безусловна слобода за македонските уставобранители од 27 април 2017 година!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Второ, Формирање експертска влада од докажани македонски патриоти (партиски и непартиски) интелектуалци во и надвор од Македонија!

Трето, Раскинување и поништување на сите штетни договори потпишани од сегашната нелегитимна и марионетска влада.

Четврто, Департизација на институциите на власта, во кои мора да владее слоганот: Македонија пред се’ и над се’!

Петто, Создавање услови за слободни, фер и демократски легитимни локални, парламентарни и претседателски избори и легитимен попис на населението во Македонија и светот!

Шесто, Формирање една изборна единица за избор на пратеници во Собранието на Македонија!

Седмо, Избор на пратеници, претседател, премиер и министри кои ќе живееат за Македонија, а не од Македонија!

Осмо, Создавање Македонска национална програма со македонски црвени линии кои ниту една идна влада не би можела да ги промени, отстапи или поништи!

Деветто, Раскинување и поништување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година и поништување на Амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ од 11 јануари 2019 година и Законот за употреба на јазиците објавен во “Службен весник на Република Македонија“ на 14 јануари 2019 година, кои се косат со македонските национални и државни интереси, со меѓународното право и Уставот на државата Македонија!

Десетто, Формирање на Македонски институт за градење доверба меѓу Македонците во светот и Македонската држава и создавање услови за репатријација на Македонците иселеници ширум светот назад во татковината Македонија!

-интегрален текст на соопштението на СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС – КАНАДА упатено до јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace