БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки VS Шеќеринска: Ќе понесе ли одговорност министерката заради обезличувањето на армијата и зошто не?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска беше прозвана дека го убива и последниот здив на македонштината кај Македонската војска од страна на Драган Ковачки, таа се одзва преку социјалните мрежи обидувајки се да релативизира и да го наруши кредибилитетот и угледот на Полковникот Ковачки на лична основа кој го има кај војниците на АРМ.

Притоа по речиси 4 години апсолутна власт во државата Шеќеринска ја обвини претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за проблемите со кои се соочуваат војниците.

“Партискиот војник пак удира по Армијата. Македонштината ја “браневте” со скинати униформи и сиромашна војска. Сега сте нервозни дека вистината за вашата неспособност и маргинализирање на Армијата излегоа на виделина: можело да има поголеми плати, можело да се обезбеди бенефициран стаж, можело да се обезбедат и нови униформи и нови чизми, но и спортска и воена опрема.
Пак не ви успеваат нападите на сопствените колеги и Армијата за која во вашите 11 години не направивте ама баш ништо.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-напиша на фејсбук Шеќеринска.

На ваквиот провокативен и замајувачки одговор, Драган Ковачки повторно ги реафирмираше прашањата од кои бега Шеќеринска а на кои јавноста мора да добие одговор:

“И еве повторно: кога немате аргументи, повторно напаѓате на лична основа. ОК.

Г-ѓо Шекеринска, македонската јавност и војниците што ги пониживте треба да добијат одговори на прашањата:

  1. Во која друга држава во светот војниците даваат заклетва во униформи без никакви армиски и државни обележја?
  2. Зошто не се почитува Уредбата за униформи што сами си ја донесовте?
  3. До кога свесно ќе се кршат законите и подзаконските акти во МО и за која цел се прави тоа?

Шекеринска повторно бега од одговори и дефокусира со работи што се реализирани половично – спортска опрема има само за 20% припадници (!). Згора на тоа, Министерот се гордее со работи што и’ се во опис и попис на работното место и за што е солено платена од граѓаните.

За крај, Шекеринска одговорете: Ќе има ли одговорност за обезличувањето и зошто не?

#Оставка”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace