БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Делчево го нема во горниот дел на табелата за најуспешни градоначалници според анкетата на МЦМС

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Според неодамна објавените резултати на анкетата на невладината МЦМС за перцепцијата за успешноста на градоначалниците во Македонија на граѓаните, најдобро стои градоначалникот Митко Јанчев од Кавадарци а втор на листата зад него е градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

Во врвот на оваа листа на најуспешни градоначалници според анкетата на МЦМС не се најде ниту еден од градоначалниците од Брегалничкиот регион кои со исклучок на Зрновци целосно се од редовите на владеачката СДСМ.

Изненадувачки е како градоначалникот на Делчево Горан Трајковски од Делчево не се најде во врвот на оваа листа на најдобар градоначалник, со оглед на големиот рејтинг што го има на социјалните мрежи од неговите поддржувачи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За рејтингот на делчевскиот градоначалник реагираа и од подмладокот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Делчево.

Во продолжение го пренесуваме фејсбук статусот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Делчево:

“#Правда за Горан Трајковски.
Од сатирично-смешни причини не ја признаваме оваа анкета на МЦМС, затоа што сметаме дека испуштиле неколку критериуми во оценувањето на нашиот најдобар, најуспешен, најспособен, најизградил, највработил, најуспешно спроведувал тендери, најмногу го терал јавното претпријатие да работи без најмногу проекти и со најпрецизно финансиско покритие….
По што ли ја ценеле работава на делчевскиот градоначалник Трајковски во оваа анкета не е познато, но сигурно не ги прашувале неколкумината негови приврзаници, тие да им кажат колку Горан Трајковски е НАЈ, НАЈ…
Ај па повеќе среќа со вистински прашања на некоја наредна анкета- на онаа на локалните избори кон крајот на годината…(например)
ТЕКСТОТ Е АВТОРСКИ ОБИД ДА СЕ ВОЗДИГНЕ ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ГОРАН ТРАЈКОВСКИ ВО УСЛОВИ НА НЕПОСТОЕЊЕ НА НЕГОВООТО ИМЕ ВО ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ТАБЕЛАТА НА РЕЛЕВАНТНА АНКЕТА ОД ПРИЛИЧНО НЕЗАВИСНИ АНКЕТАРИ….”

Креирано од:


Пренеси го гласот