На еден или друг начин, меѓутоа секогаш во стилот „Ти зборувам ќерко, сети се снао!“, европските лидери, како и амбасадорите на нивните земји во Македонија, секојдневно нѐ убедуваат дека основната причина за неприемот во ЕУ се нерешените билатерални односи со Бугарија. Ако е така, дали кога ја примија Бугарија односите меѓу двете земји беа решени? Ако беа решени, кога и кој ги расипа? Ако не беа решени, тогаш зошто ја примија, како што претходно ја примија и Грција, со ниту еден решен проблем со Македонија (малцинства, јазик, историја, егзодус…), бидејќи принципот е принцип и тој (во нормални услови) би требало да важи за сите, сеедно дали некој е веќе дел/членка на Унијата или не.Конечно: ако проблемот е само Бугарија и ако Бугарија, со своите каприци, ги држи како з а л о ж н и ц и (!?) сите останати членки на ЕУ (како што вчера тврдеше германската амбасадорка Анке Холштајн), тогаш што направила ЕУ да ја вразуми оваа каприциозна земја, бидејќи ако на нешто е чувствителна, тогаш тоа се парите. Дали се обиделе, барем еднаш, да ѝ сопрат барем една финансиска славина, како средство да ја вразумат? Или и понатами нѝ продаваат евтини приказни, како во Република Македониј да живеат само малоумници?
Пишува: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!