Опозициската ВМРО-ДПМНЕ по повод 30 годишнината од независноста на Република Македонија во Битола организира свечена прослава со повеќе активности обединети под едно име:
„30 години се грижиме за Македонија“
Прославата опфаќа повеќе активности од граѓански карактер и се во насока на вистинско народно одбележување на јубелејот од независнста.
Одбележувањето ќе започне со трибина „30 години се грижиме за Македонија“ во 12 часот на отворената тераса во хотелот Епинал. На трибината учество ќе земат видни личности од политичкиот живот во изминатите 30 години:
- Министерот во првата македонска влада Мартин Тренески
- Поранешниот потпретседател на Влада, амбасадорот Маријан Ѓорчев
- Поранешниот претседател на ЗЕЛС, пратеникот и градоначалник Коце Трајановски
- Поранешниот премиер, министерот и пратеник Емил Димитриев
- Првиот градоначалник на општина Битола Златко Милошески
Модератор на трибината „30 години се грижиме за Македонија“ ќе биде Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Централната прослава „30 години се грижиме за Македонија“ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола.
Пригоден говор пред присутните ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија