Денеска на прес конференција од централниот штаб на СДСМ од владечката партија во јавност ги изнесоа податоците кои според нив овозможиле економијата во Македонија да биде стабилна, развојна и динамична.
Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Јован Митрески кој што е координатор на пратеничката група на СДСМ во парламентот:
“Работите се менуваат на подобро. Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев придонесоа да имаме стабилна, развојна и динамична економија.
Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат историски раст на Бруто домашниот производ од 13,1 отсто во вториот квартал.
Ова значи дека во првото полугодие од оваа година постигнат е раст на БДП од 5,6 проценти.
Според проекциите, годинава се очекува раст од 4,1 отсто за цела 2021 година , со очекувања извозот да забележи раст од 10,6 отсто, бруто-инвестициите раст од 8 проценти.
Истовремено, бележиме историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9 со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината.
Дополнително, просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари.
Сето ова е потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, потврда дека негативните последици од пандемијата се веќе надминати.
Како одговорна партија продолжуваме да градиме стабилна развојна и динамична економија која носи шанса за сите.”
-соопшти Митрески на прес конференцијата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот