БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ со организација на вистинска народна прослава по повод 30 годишнината од независноста на Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ по повод 30 годишнината од независноста на Република Македонија во Битола организира свечена прослава со повеќе активности обединети под едно име:

„30 години се грижиме за Македонија“

Прославата опфаќа повеќе активности од граѓански карактер и се во насока на вистинско народно одбележување на јубелејот од независнста.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Одбележувањето ќе започне со трибина „30 години се грижиме за Македонија“ во 12 часот на отворената тераса во хотелот Епинал. На трибината учество ќе земат видни личности од политичкиот живот во изминатите 30 години:

  • Министерот во првата македонска влада Мартин Тренески
  • Поранешниот потпретседател на Влада, амбасадорот Маријан Ѓорчев
  • Поранешниот претседател на ЗЕЛС, пратеникот и градоначалник Коце Трајановски
  • Поранешниот премиер, министерот и пратеник Емил Димитриев
  • Првиот градоначалник на општина Битола Златко Милошески

Модератор на трибината „30 години се грижиме за Македонија“ ќе биде Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Централната прослава „30 години се грижиме за Македонија“ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола.

Пригоден говор пред присутните ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace