БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Властите во Штип не можат да обезбедат превоз за учениците од околните рурални места

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип го прозваа актуелниот градоначалник Сашко Николов за неспособноста на локалните власти кои не можат да обезбедат превоз за учениците во штипските училишта.

“Почитувани, 

Ваква несериозност кон образованието и учениците немало никогаш до сега! Најголем број од учениците кои патуваат до нивните училишта и за кои училиштата треба да обезбедат превоз, или сами се снаоѓаат, или наставата ја следат on line! 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Да, добро слушнавте! 

Училиштата во Штип, со исклучок на едно или две од нив , поради несериозното однесување на претпоставените, доцнат со тендерските постапки за превоз на ученици, кое родителите ќе ги чини цело богатство во текот на овој месец. Тоа што сѐ уште не се избрани оператори за реализација на превозот, е непобитен факт за незаинтересираноста на надлежните за успешно спроведување на образовниот процес. Односно, во време на пандемија, кога голем број од родителите остануваат без работните места, ќе бидат обременети со дополнителен трошок за транспорт на децата. “

-соопшти денеска на прес конференцијата Весна Ничева од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace