Денеска на прес конференција која се одржа на ул. Ванчо Китанов во нас. Сењак од ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип, ја обвинија актуелната локална власт на чело со градоначалникот Сашко Николов за лошиот менаџмент во општината. На прес конференцијата на која ќе се обрати Драгица Петрова од опозициската ВМРО-ДПМНЕ алармираше во јавноста за свлечиштето на посочената улица во Штип поради кое граѓаните кои гравитураат кон овој дел од градот не се во можност да ја користат истата во своето секојдневие.
“Почитувани,
Немало полош менаџмент на Општина Штип од моменталниот!
Половина од улицата Ванчо Китанов во населба Сењак, веќе една година е недостапна, поради свлечиште.
Истата ги оневозможува жителите да си ги извршуваат секојдневните обврски, а ги обременува и со дополнителен трошок за избегнување на одронот пред нивните стамбени згради. Децата на улицата ги демне вистинска опасност од необезбедени отворени јами, низ кои поминуваат струјни кабли и е вистинско чудо што до сега никој не загинал!
И наместо општината до сега да преземеше итни мерки за реконструкција на оваа улица и поставување на потпорен ѕид, за да се спречи повторување одронот, истата очигледно е во зимски сон.
Вакви неодговорни функционери не заслужуваат повеќе да се занимаваат со политика, а најмалку да добијат уште еден мандат на престојните избори!”
-рече Драгица Петрово од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи